Во пријателска средба македонски дуел и тоа на средбата Наполи – Адана Демирспор која заврши без победник со резултат 2:2.
Јасно е дека за Наполи стартер беше Ерлиф Елмас, а во самио финиш на средбата за турскиот тим во игра влегоа младинските репрезентативци на Македонија, Јован Манев и Арда Курталан кои ова лето потпишаа за Адана Демирспор.
Наполи водеше со 1:0, па Балотели и компанија ја свртеа на 1:2 за да во 93. минута тимот на Елмас се спаси од пораз за конечни 2:2.