Нова богата понуда на адресата на Ненад Димитријевиќ!

728

Ненад Димитријевиќ, еден од најдобрите македонски кошаркари ова лето е во центарот на вниманието. По најавите дека би можел да ја прекине соработката со Валенсија, тимот со кого има уште две години договор, на адресата на плејмејкерот постојано пристигнуваат бројни понуди.

Најновата е од Русија. СПОРТМЕДИА дознава дека Уникс Казан е сериозно заинтересиран за услугите на Димитријевиќ. Раководството на рускиот тим испратиле конкретна понуда до македонскиот репрезентативец и само тоа, туку нема да штедат за да го донесат Нено во своите редови.

Тренер на Уникс е Велимир Перасовиќ, иако поради воената агресија врз Украина, овој клуб како и останатите нема да се натпреваруваат во европските клупски лиги, сепак тамошниот шампионат е доволно силен и квалитетен.

Неофицијално, Басконија одново се поврзува со Димитријевиќ. За евентуални преговори немаме потврда, но во Шпанија веќе на големо се шпекулира за македонскиот репрезентативец и овој тим.

Иако Нено не е слободен играч, се чини клубовите заинтересирани за него не сакаат да остават ништо на случајност, чекаат момент да го ангажираат најдобриот македонски кошаркар.

ПретходноШкупи им се поклони на навивачите (ВИДЕО)
СледноАртим Шаќири: Барам поддршка од навивачите!