Пандев денеска полни 39 години: Нова авантура или фудбалска пензија!? (ВИДЕО)

391

Горан Пандев, според многумина нашиот најдобар фудбалер во историјата, денеска слави роденден.Гранде денеска полни 39 години, па нека му е среќен роденденот.

Неговите фанови, а можеби и тој самиот денеска се прашува што понатаму? Дали конечно ќе каже – доста е, и ќе оди во заслужена фудбалска пензија или пак спрема некоја нова фудбалска авантура како онаа последната, во Парма што беше.

Лани ова време тој се прости од репрезентацијата по две децении играње и одиграни 122 меча и постигнати 38 голови. Планот беше да одигра уште една сезона како клупски играч и кариерата да ја заврши во Џенова. Сепак едно се плановите а сосема друго стварноста.

Неофицијално тој има намера да одигра некаде уште барем една година и следното лето да оди во играчка пензија, но за тоа само тој знае, што и како понатаму.

Денеска нека го прослави својот 39-ти роденден…

Инаку по повод роденденот од сите страни доаѓаат честитки, од Интер, од Серија А…

Интер со специјално видео на своите социјални мрежи, во кое се прикажани дел од неговите најубави потези  за овој клуб, потсети дека Гранде денеска полни 39 години.

ПретходноСтоперски „муабети“: Гоце не се нервирај, Шкупи е топ екипа, а Динамо имаше среќа
СледноЕртан Дика ќе вози електро тротинет благодарение на наградната игра, „играј, собирај и освој“ на 2WIN.MK