Пријателска: Тиквеш со триумф над Работнички!

553

Попладнево во Кавадарци во пријателски меч силите ги одмерија прволигашите Тиквеш и Работнички. Поуспешен беше составот на Влатко Костов кој со 2:0 славеше победа над гостите од Скопје.

И двата гола беа постигнати во првиот дел. Ивановски во 13.минута стрелаше за водство на кавадарчани од 1:0, додека во финишот на првиот дел, поточно во 41.минута, Мишов стрелаше за конечни 2:0.

Во текот на мечот тренерите Костов и Марковски им дадоа шанса на повеќе свои играчи.

ПретходноМуарем Бајрами: ЦСКА е фаворит и утре, но јас верувам во мојот тим!
СледноПријателски: Победа ремизираше со Егнатиа, убедливи триумфи на Пелистер и Брегалница!