Пријателски: Победа ремизираше со Егнатиа, убедливи триумфи на Пелистер и Брегалница!

1473

Попладнево неколку наши прволигаши и второлигаши одиграа пријателски мечеви во склоп на подготовките за претстојната сезона.

Па така во Прилеп, Победа одигра 2:2 против Егнатиа, тим од Албанија. Головите за прилепчани ги постигнаа Марио Наумоски и Џејмс.

Во Штип домашниот состав а Брегалница со 4:0 го “торпедираше“ тимот на Кожуф, предводен од Ѓоре Јовановски.

Штипските “сини“ одиграа добар меч, а стрелци на головите беа Ѓокиќ, Николов, Михолов…

Второлигашот Пелистер на градскиот стадион во Струга му гостуваше на Караорман, исто второлигаш и успеа да дојде до триумф од 1:3.

Стрелци за составот од Битола беа Б. Љамчевски, Драгарски и Фејзуловски.

ПретходноПријателска: Тиквеш со триумф над Работнички!
СледноВардар одигра само 0:0 со Охрид!