Сасуоло ја најде замената за Скамака

287

Џанлука Скамака, еден од најдобрите поединци во Серија А, изминатиот период е нов член на тимот на Вест Хем. Сасуоло сериозно заработи на неговата продажба, така треба и да биде, а сега клубот се заврте дури во Серија Б, за да ја пронајде неговата замена за следниот период.

Се работи за Лоренцо Лука, досегашниот играч на тимо на Пиза. Тој минатата сезона постигна шест погодоци за својот тим, а во Сасуоло, сметаат дека има потенцијал за големи нешта во Серија А. Во моментов Лука има 21. година, дел е од младинската репрезентаија на Италија, а претходно беше дел од екипите на Торино, Бреша, Виченца и накратко Палермо.

 

ПретходноНаполи – Адана 2:2: Манев и Арда одиграа реми со Елмас!
СледноЛШ: Среде Истанбул ечеше „Путин, Путин…“ама Динамо Киев ги замолкна фановите на Фенер! (ВИДЕО)