Селекторот Златев ги одреди финалните 12 за ЕП „Б“ Дивизија!

140

Женската селекција на играчи до 18 години успешно ги реализираше планираните активности поврзани со настап на Европското првенство од Дивизијата „Б“ кое од 30. јули до 7. август ќе се одигра во Софија, Бугарија. Селекторот Никола Златев ги одбра дванаесетте дами кои ќе ги бранат националните бои.

„Повеќе од еден месец се одвиваат подготовките во Кавадарци. Подготвени за Европското Првенство тргнуваме во четврток за Бугарија. Одиме како аутсајдери според ранкигот на ФИБА. Ја имаме најтешката група. Одиме да се надигруваме да ја претставиме Македонија во најдоброто светло. Во текот на подготовките одигравме четири пријателски натпревари, по два со Бугарија кои ги загубивме и со Албанија на кои победивме. Се соочивме со проблеми буквално одилме преполовени поради повреди и откажување на некои играчи. На антпреварот со Бугарија многу тешко ни се повреди еден од нашите клучни играчи Мартина Блажевска на која и посакуваме се најдобро и побрзо да се врати на теренот. Овие 12 играчи што се сега на првенството се нашите хероини кои го жртвуваа летото да настапат за репрезентацијата. Секоја победа на првенството за нас ќе претставува успех“, е кусата анализа на селекторот Никола Златев во пресрет на заминувањето за Бугарија.

Во рамки на групата „А“ македонската репрезентација ќе се надигрува со Хрватска, Луксембург, Португалија и со Велика Британија.

  1. Ана Милованова
  2. Анастасија Тодорова
  3. Климентина Модева
  4. Михаела Алексовска
  5. Мартина Маркоска
  6. Деа Хоџа
  7. Елиана Христи Граматикова
  8. Лиле Миткова
  9. Христина Ставревска
  10. Љубица Бошкова
  11. Марија Николов
  12. Евгенија Танаскоска
ПретходноБруно Дита: Мора да бидеме максимално внимателни, Шкендија сака пласман понатаму!
СледноМуарем Бајрами: ЦСКА е фаворит и утре, но јас верувам во мојот тим!