Ден по елиминацијата од квалификациите за Лигата на Шампионите на македонскиот шампион Шкупи од страна на Динамо Загрев, тренерот на Чаирчани не го фаќа место. Не сака Седло да губи. Никогаш не ни сакал. Особено што Шкупи вчера не заслужи да загуби. Напротив, играше машки, создаде шанси, немаше среќа. Единствено што беше на страната на Динамо беше тоа проклето европско искуство, десетиците вакви одиграни мечеви, кога едноставно се мора и тоа беше пресудно. Погоди Аријан Адеми, и го елиминираше Шкупи.
Како утеха за вчерашниот пораз, денеска во друштво му влетаа неговите поранешни репрезентативни колеги, Александар Васоски и Игор Митрески. Прекалени „волци“, децении искуство, играчко, а сега и тренерско. Пристигнаа во утеха на некогашниот капитен, водачот на Македонската репрезентација.
„Штета. Малку фалеше. Динамо е топ екипа, квалитетна, а ете колку малку фалеше за да биде елиминирана. Се е искуство, се е школо. Не се нервирај Гоце, има со што да се гордееш во моментов. Не за друго ако го поминеше Динамо ќе мораше пак да се пакуваш на сред лето. Динамо ќе му дадеше „шут“ карта на Чачиќ, ќе те земеше тебе во авионот“ – на шега велат Васоски и Митревски знаејќи ги амбициите на Седлоски и капацитето со кој очигледно располага.