Луис Суарез остана без клуб откако му истече договорот со Атлетико Мадрид. На неговата адреса стигнаа неколку интересни понуда, на крајот се одлучи за Национал.
Имаше информации дека би можел да го облече дресот на Борусија Дортмунд, како и Милан и ЛА Галакси, но на крајот одлучи да стави крај на сите дилеми и да се врати дома, во тимот во кој во 2005 година ги направи првите чекори во професионалниот фудбал.
„Постигнав пред договор со Национал. Не можев да ја одбијам понудата. Се надевам дека сите детали наскоро ќе бидат решени и ќе можеме да го комплетираме договоро“, порача Суарез, кој во последните 10-15 години беше еден од најдобрите напаѓачи во Европа.
— Luis Suarez (@LuisSuarez9) July 26, 2022