Шкупи пред 12.000 гледачи на Арената „Тодор Проески“ го одигра реванш мечот против Динамо Загреб во рамките на Лигата на шампионите. Иако актуелниот македонски првак беше поразен од хрватскиот тим со 0-1, сепак понуди добар фудбал и најважно се, покажа дека може да биде тежок противник за големи имиња.
Денеска Шкупи на својата официјална страница им се заблагодари на сите оние кои дојдоа на стадион.