Шкендија на првиот меч во Летонија, на гостувањето кај Валмиера успеа да обезбеди одличен резултат и тоа со 1:2. Тоа беше прв меч од 2.квалификациско коло во ЛК. Утре на Арената во Скопје се игра реваншот. Во пресрет на натпреварот кој започнува во 20 часот, свое видување на прес – конференцијата попладнево имаше стратегот на нашиот тим Артим Шаќири.
„Утрешниот меч со Валмиера го дочекуваме подготвени. Без разлика на резултатот од првиот меч кој го добивме ние максимално ќе влеземе и на реваншот. Почнуваме од 0:0 и нема теорија да се потпреме на тоа што се случуваше на првиот меч. Нема ништо лесно и ќе покажеме дека заслужено сме победле на гостински терен. Да ја потврдиме победата и на домашен терен. Барам поддршка од навивачите“ посочи Шаќири.
Во продолжение стратегот на Шкендија посочи дека тој и неговиот тим одат од меч во меч…
„Јас како тренер со моите колеги бараме да се постави игра која што ќе биде препознатлива за Шкендија и тоа не само во Европа туку и во нашата лига. Ние одиме од меч во меч. Сакаме да играме фудбал на секој натпревар. Шкендија е тим кој сака да игра и да дава голови. Ние ќе ја направикме нашата работа а на јавноста е да процени каков е нивото на Шкендија во моментов. Мора да се внимава на нивните напаѓачи. Многу се брзи на првиот меч не беа ефикасни. Ние играме утре на домашен терен, пред наша публика и бараме пласман понатаму“ заврши Шаќири.