Бензема со врати со фантастичен гол, четири „парчиња“ на дуелот меѓу Барса и Јуве (ВИДЕО)

396

Карим Бензема само што се приклучи на подготовките на Реал за време на турнејата низ Америка и блесна во дресот на својот тим. По една одлична акција, тој ефективно постигна гол во Сан Франциско на пријателскиот натпревар (2:2) против мексиканскиот Клуб Америка, рекордер по бројот на домашни трофеи и клуб кој освоил најмногу централноамерикански ЛШ.

Клуб Америка го изненади Реал во 5. минута кога Мартин погоди. „Кралевите“ израмнија во 22. минута кога погоди Бензема, а потоа целосно го сменија во 55. минута кога Азар погоди од белата точка. Сепак, Фидалго со гол од пенал во 82. минута го спаси мексиканскиот тим од пораз.

Јувентус и Барселона одиграа без победник 2-2 во во Далас како дел од американската турнеја. Во центарот на вниманието се најде Осман Дембеле, кој  мајсториски ја матираше одбраната на противникот. Јуве израмни во 39. минута преку.

Дембеле одново му донесе водство на каталонскиот гигант за 2-1 на одморот, но конечните 2-2 ги постави Кеан со својот втор гол на натпреварот во 51 минута.

Барселона имаше шанса да дојде до победа, но слободниот удар на Рафиња заврши само во гредата од голот на Јуве.

ПретходноРистовски: Никогаш не сонував дека со Динамо ќе играм на стадионот на кој пораснав!
СледноЈанковски и Јакиќ нови имиња во Голден Арт!