Илиќ: Не размислувам за елиминација, играме пред нашите навивачи и сигурен сум во пласман понатаму

262

Екипата на Македонија ЃП, утре во Софија го игра реванш дуелот од второто коло од квалификациите за Конференциската лига против екипата на ЦСКА. Првиот дуел во Скопје заврши без голови 0:0, па сега домаќинот смета дека пред своите навивачи нема да има поголеми проблеми да го елиминира нашиот претставник и да мине во следната фаза. Смета дека потешкиот дел од задачата е обавен и дека преостанува оној полесниот. Да се победи пред домашна публика.

 

„Играме против тим кој има свои квалитети, но играме на нашиот стадион, пред нашите навивачи и се надевам дека ќе постигнеме добар резултат и ќе продолжиме понатаму. Ни треба поголема поддршка од навивачите бидејќи нивната поддршка ги мотивиа играчите.Треба да ги вратиме навивачите на трибините со играта што ја прикажуваме.ЦСКА секогаш зависи од своите навивачи, тие ни помагаат да постигнеме подобри резултати“ – рече Саша Илиќ, тренерот на ЦСКА на денешната официјална прес конференција пред дуелот.

„Немаме нови проблеми, Митков, Папазов и Бизмарк се веќе подолго време повредени. Со останатите немаме проблеми. Се надеам дека ќе покажеме поголем квалитет отколку на првиот дуел во Скопје, и ќе го имплементираме она што го работиме на тренинзите во изминатава недела„ – додаде Илиќ.

 

 

 

 

 

ПретходноБуњаку: Им благодарам на сите за вчерашниот спектакл, Шкупи е бренд за кого навиваат и Албанци и Македонци
СледноСтоперски „муабети“: Гоце не се нервирај, Шкупи е топ екипа, а Динамо имаше среќа