Кинески кошаркар за првпат ќе игра во Македонија!

347

Кинескиот интернационалец Кикаи Сун е нов играч на Куманово. Тој е првиот Кинез кој ќе заигра во македонскиот шампионат, а доаѓа на препорака на тренерот Владимир Мирковски.

Сун кој игра на крилните позиции, висок е 196 сантиметри, има искуство во НЦАА лигата за Сетон Хол Универзитетот од Њу Џерси.

Последната сезеона го носел дресот на Њујорк Харлем Андердогс, имал просек од 11,4 поени, 4,6 скока и 2,1 асистенции по натпревари.

Сун е трето засилување по Јузбашиќ и Марјановиќ, кои ги продолжија договоите.

ПретходноНа Нејмар му се заканува двегодишна затворска казна!
СледноШкупи им се поклони на навивачите (ВИДЕО)