ЛШ: Среде Истанбул ечеше „Путин, Путин…“ама Динамо Киев ги замолкна фановите на Фенер! (ВИДЕО)

900

Интересно беше вечерва во Истанбул на „Улкер Арената“ каде играа Фенербахче и Динамо Киев во реванш меч од 2.квалификациско коло во ЛШ. Откако на првиот меч беше 0:0, вечерва се решаваше патникот за следната фаза. А победник беше Динамо Киев со 1:2 и тоа во продолженијата.

Сепак во преден план беше навивањето на Турците, на фановите на Фенер, кои во неколку наврати извикуваа „ Владимир Путин, Владимир Путин“ сакајќи да ги изнервираат гостинските фудбалери. Сепак ни тоа не им помогна, на крајот се радуваа Украинците.

Бодо/Глимт со 8:0 го поздрави Линфилд и се пласира во 3.квалификациско коло во ЛШ.

Малме на нашиот Ердал Ракип дома сензационално загуби од Жалгирис со 0:2 и беше елиминиран.

Карабах како гостин после продолженијата славеше над Цирих пласман во следната фаза, доста му беше 2:2, ако се знае дека на првиот меч дома победи со 3:2.

Ференцварош го “торпедираше“ како гостин тимот на Слован со 1:4 и оди натаму.

Сензација и во Пиреа, домашниот Олимпијакос загуби на свој терен од Макаби Хаифа со 0:4, иако на првиот меч резултатот беше 1:1, па така грчкиот гигант беше елиминиран.

ПретходноСасуоло ја најде замената за Скамака
СледноРоналдо бара раскин на договорот вреден 22 милиони евра!