И официјално, по цели осум години, Крсте Велкоски (34) се врати во Работнички. Искусниот напаѓач ќе биде големо засилување за младиот состав на стратегот Крсте Велкоски. Некогашниот капитен, еден од најдобрите фудбалери на клубот од Градски парк во последните 15години, кој беше дел од сите најголеми успеси на Работнички,одлучи во наредната сезона да го носи црвениот дрес.
Раководството на “романтичарите“ денеска потпиша со довчерашниот фудбалер на Сараево и веднаш преку своите социјални мрежи објавија дека Крсте Велкоски се врати во Градски парк.