Попладнево во Кавадарци во пријателски меч силите ги одмерија прволигашите Тиквеш и Работнички. Поуспешен беше составот на Влатко Костов кој со 2:0 славеше победа над гостите од Скопје.
И двата гола беа постигнати во првиот дел. Ивановски во 13.минута стрелаше за водство на кавадарчани од 1:0, додека во финишот на првиот дел, поточно во 41.минута, Мишов стрелаше за конечни 2:0.
Во текот на мечот тренерите Костов и Марковски им дадоа шанса на повеќе свои играчи.