Уште една Македонка во Локомотива Загреб

274

Македонската ракометна репрезентативка, Леонида Гичевска е ново име во редовите на Локомотива Загреб. Станува збор за хрватски тим кој во новата сезона ќе настапува во Лигата на шампиони и за кого игра Андреа Седлоска.

Гичевска минатата сезона беше дел од Ле Самбр Авенуа, додека во својата кариера настапуваше за Ле Пузен, Вардар Јуниор, Металург и Куманово.

Локомотива Загреб во новата сезона во Лигата на шампиони ќе игра во групата Б заедно со Ѓер, Мец, Рапид Букурешт, Будуќност, Сторхамер, Есбјерг, Кастамону и Белдие.

ПретходноОфицијализиран трансфер од 55 милиони евра во Јунајтед
СледноНа Нејмар му се заканува двегодишна затворска казна!