Бесир Демири се врати дома

1314

Некогашниот македонски младински репрезентативец, играч кој беше дел од нашата златна У21 генерација која што беше дел од Европското првенество во Полска во 2017 година, Бесир Демири е нов член на шампионот Шкупи.

Левиот бек се враќа дома. Демири е дете на Шкупи, кој својата фудбалска афирмација ја доживеа на Чаир, а потоа замина во Шкендија, па во Вардар, па потоа се изпроба и на интернационална сцена. Најпрво во Мариупол, Украина, па потоа во словачка Жилина, пред да пристигне во Албанија и да заигра за Кукси односно Динамо Тирана.

Сега, со полни 27. години Бесир Демири се враќа во неговиот клуб од детството како големо засиливање за претстојните европски но и домашни предизвици.

 

ПретходноТФТ домаќин на квалификациски турнир во ЛШ!
СледноКондев и Коцев остануваат во ГРК Тиквеш, Бикоски уште една година во Прилеп!