Кондев и Коцев остануваат во ГРК Тиквеш, Бикоски уште една година во Прилеп!

153

Екипата на ГРК Тиквеш почна со созадавање на тимот за новата сезона. Кавадарчани на својата официјална страница потврдија дека останува Тандемот Дарко Кондев и Димитар Коцев, кој играат на левата крилна позиција.

И двајцата потпишаа двегодишен договор со ГРК Тиквеш, кој во новата сезона ќе биде предводен од поранешниот македонски селектор, Данило Брестовац.

Суперлигашот Прилеп ги започна подготовките за натпреварите во новата сезона под водство на Реваз Чантурија. Во составот на овој тим останува младиот Христи Бикоски. Левото крило потпиша едногодишен договор, за него ова ќе биде четврта сезона во дресот на Прилеп.

ПретходноБесир Демири се врати дома
СледноДино Михолов: Брегалница и мак-фудбалот имаат нов голем талент!