Откако бразилецот Ришарлисон успешно го реализираше трансферот од Евертон во Тотенхем летово, сега „Карамелите“ се обидуваат да пронајдат достојна замена за него во тимот.
Англиските медуми јавуваат дека изборот е паднат на во моментов играчот на Барнли, 22. годишниот Двајт Мекнил. Тој е дете на Манчестер Јунајтед, но рано се пресели во Барнли, и досега има одиграно за овој тим преку 130 мечеви.
Екс англискиот младински репрезентативец е речиси на прагот да се пресели во Евертон, а целата зделка би требало да чини околу 20 милиони фунти.
Евертон е во голем плус на оваа тема затоа што Ришарлисон во Тотенхем замина за 20 милиони фунти.