Во рамки на Светското првенство за ракометарки до 18 години што се одржува во Скопје во период од 30 јули до 10 август, во хотелот „Хилтон“ денеска се одржа средба помеѓу раководството на Ракометната федерација на Македонија и ИХФ номинираните лица.
За време на СП ќе бидат присутни 96 номинирани лица од Интернационалната ракометна федерација (ИХФ), судии, делегати, супервизори и претставници од канцеларијата на Светска Ракометна Федерација (IHF), кои што ќе работат во рамки на Мундијалот во Скопје.
Ракометниот Мундијал за кадетки започнува на 30ти јули , каде ќе учествуваат 32 национални репрезентации.