ТФТ домаќин на квалификациски турнир во ЛШ!

108

ФИБА ги одреди домаќините на квалификациските турнир за пласман во групната фаза во Лигата на шампиони. Еден од нив ќе биде Скопје, благодарение на ТФТ, кој е единствениот македонски учесник во ова натпреварување. Покрај нашиот главен град, домаќини се Лисабон, Белград и Малага.

ТФТ за противник во првата рунда го има тимот на Кемниц Најнерс, каде помошен тренер е Ѓорѓи Кочов, а покрај овие два клуба во Скопје ќе се натпреваруваат и Фрибург Олимпик, Лестер, Волунтари и Тофаш.

ПретходноЧетвртфинале за Калин Ивановски на турнирот во Австрија
СледноБесир Демири се врати дома