Легендата на Баерн Минхен од изминатата деценија, Дитмар Хаман даде интересно мислење околу заминувањето на Роберт Левандовски од „Алианц“ арената летово, кога за 45 милиони евра се пресели во Барселона.
Тој смета дека место за останување на Левандовски во Минхен веќе немало и дека со самото однесување на Левандовски тоа се претпоставувало дека ќе се случи.
„Мислам дека во Баерн се среќни поради неговото заминување. Овој виор на трансфери што се случи потоа започна токму со неговите изјави. Исто така, треба да се напомене дека Баерн се однесуваше многу добро и многу професионално за време на овој процес. Левандовски им направи голема услуга со своите изјави дека не сака повеќе да биде дел од Баерн, бидејќи без нив немаше да можат да ја постигнат цената што на крајот е конечна во трансферот. Колку и да е непријатно неговото заминување, Левандовски му направи огромна услуга на Баерн“, – рече Хаман.