Алиоски сега го преселија во Фрајбург!?

553

Македонскиот репрезентативец и интернационалец, Езџјан Алиоски летово е без клуб. Му заврши соработката со Ал Ахли и тој има избор пред себе каде да продолжи. Долго време е поврзуван со трансфер во Турција, каде што Трабзон односно Бешикташ се најзаинтересирани, но токму од Турција сега излегува информацијата дека Џани има реална можност да замине во Бундеслигата.

И тоа во тимот на Фрајбург, екипа која во изминатата сезона покажа завидно ниво на квалитет и форма.

Алиоски дефинитивно наскоро ќе мора да одбере клуб, затоа што веќе сме речиси во месец август, и кога екипите се наголемо на подготовки и со веќе полн ростер на фудбалери.

 

ПретходноПромена на судиите во последен момент
Следно„Воџата“ Чурлинов наместо 25.000 ќе плати 17.500 евра казна