„Воџата“ Чурлинов наместо 25.000 ќе плати 17.500 евра казна

638

Македонскиот репрезетативец Дарко Чурлинов ќе плати помала од првично утврдената казна за користењето на пиротехнички средства на прославата на тимот на Шалке 04. При промоцијата во најдоброто Бундеслигашко друштво, Чурлинов и неговите тогашни соиграчи прославуваа заедно со навивачите, а нашиот интернационалец во еден момент зема факел во раката.

Нормално дека тоа не е дозволено, особено не во Германија, па токму затоа и му е одредена казна. Првично требаше да плати 25.000 евра но истата е намалена на 17.500.

 

ПретходноАлиоски сега го преселија во Фрајбург!?
СледноЧетвртфинале за Калин Ивановски на турнирот во Австрија