Де Лихт го напуштил Јувентус поради Алегри

299

Матијас де Лихт летово го напушти Јувентус после три години минати во клубот. Тој дојде од Ајакс за околу 75 милиони евра, Баерн Минхен летово за него плати околу 80 милиони.

Јувентус имаше големи очекувања од 22-годишниот, тој во Торино пристигна како капитен на Ајакс, се очекуваше неколку сезони да ги преземе истите должности во Јувентус, но беше јасен дека сака да замине ова лето.

“Дојдов во Јувентус со идејата дека ќе играме малку понапаѓачки фудбал бидејќи Сари беше тренер и негуваше неверојатен фудбал во Наполи и Челзи. Очекував да играме како Ајакс, но тој не напушти по само една година”, рече за ESPN.

Сари издржа само една година, го освои Скудетото, но не успеа да го помине осминафиналето во Лигата на шампионите и го плати цехот. Потоа дојде Пирло, а потоа се врати Алегри, кој во основа не сака напаѓачки фудбал. Па меѓу редови токму тој е причината за заминувањето на Холанѓанецот.

ПретходноНелоски ќе го учи тренерскиот „занает“ во Голден Арт (ФОТО)
СледноПолувреме на Арената: Бејтулаи и Дориев „тресат“, Шкендија води со 2:1…