Иако беше најавено дека Петар Ангелов ќе биде нов тренер на Струга, оваа соработка нема да се реализира. Поранешниот македонски репрезентативен голман и раководството на клубот не се договорија, финалните преговори не го дале посакуваниот правец.
Диви по завршување на играчката кариера беше на чело на Вардар Неготино кого успеа да го однесе во Супер-лигата после долго време, а потоа си замина. Струга беше следната дестинација, но се чини за неговата нова тренерска авантура ќе почекаме.
Струга во новата сезона ќе бара нов предводник.