Женската кадетска репрезентација го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките против Црна Гора. Најмладата женска национална селекција беше поразена во Македонска Каменица со убедливи 50-74.
Селекторот Горан Даниловски заедно со своите стручни соработници, Атанас Димов и Симона Деловска, ги разигра сите кошаркарки кои ги имаше на располагање за подетална проценка на силите на составот, индивидуално, но и колективно.
Македонските кошаркарки го диктираа темпото на игра во првиот дел на натпреварот, предноста беше во наша корист на паузата (34-35), но во вториот дел од играта следеше пад на концентрацијата во играта што резултира со конечни 50-74 во полза на гостите од Црна Гора.
Троецот Даниловски-Димов-Деловска ќе имаат прилика за реванш на црногорскиот состав, утре напладне на вториот натпревар предвиден за овој дел од подготовките.