„Лавовска“ офанзива на Софија

197

Македонскиот претставник на меѓународна сцена, тимот на Македонија ЃП денеска од 19:00 часот на стадионот на Армијата во Софија ќе го одигра реванш дуелот од второто квалификациско коло од Конференциската лига против тимот на ЦСКА Софија.

Првиот дуел во Скопје заврши 0:0, па сега „Лавовите“ имаат задача да постигнат барем еден гол, кога тоа не го сторија во Скопје, и да се надеваат на пласман понатаму.

Домаќинот пак од друга страна, кога го преживеа гостувањето во Скопје, без поголеми потреси, па сега е уверен во елиминацијата на нашиот претставник и заминување во следната фаза.

„Почнуваме од нула по она реми без голови во Скопје. Останувам на тоа дека ЦСКА Софија е фаворит, но ние во Скопје успеавме да одиграме тактички дисциплинирано. Сега ќе биде еден сосема поинаков меч во Софија, двата тима повеќе се познаваме, знам дека ќе ни биде тежок натпревар но верувам во моите момци дека можат повторно да одиграат квалитетен меч. Можеби ЦСКА не е во својата најдобра форма, има нов тренер, нови прилагодувања за играчите, но секако се силен тим кој јасно е дека ќе атакува на победа“ – истакна тренерот на Македонија ЃП Муарем Бајрами на вчерашната прес-конференцијата во Софија.

Доколку денеска тимот на Македонија ЃП се исправи пред предизвикот и ја елиминира екипата на ЦСКА среде Софија, тогаш ќе игра со победникот од Сент Патрик (Ирска) и Мура (Словенија) во 3.квалификациско коло од Конференциската лига.
ПретходноТурците ги провоцираа Украинците со Путин, тренерот порача: Ова е хорор!
СледноКадетките убедливо поразени од Црна Гора