Вечерва од 20 часот на Арената во Скопје, Шкендија го игра реваншот од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции.Гостува тимот на Валмиера, тим кој што во Рига беше совладан со 2:1 од страна на тетовци, и тим кој според квалитетите и не е баш така наивен состав. Сепак ако си во моментов прв на табелата во својата земја тоа нешто кажува.
Но, Шкендија си е Шкендија. Во досегашните три европски меча, двата со Арарат и оној во Рига, Шкендија ја покажа својата сила, па така нека биде и вечерва. Кога тетовци сериозно ќе си ја сфатат работата во Европа,тогаш се е полесно.
Сепак треба да се биди внимателен, премногу е голем влогот, пласман во 3.квалификациско коло и двомеч со АИК (Шведска) за сега дома тимот на Артим Шаќири го растури се она што го градеше во изминатите неколку денови.Валмиера едноставно мора да се мине. Секоја чест за Летонците, но Шкендија со Хасани, Захов, Дориев, Гури,Бејтулаи и останатите има квалитет да дојде до уште една европска победа и го продолжи ова топло лето во Европа.
Иако на тетовци им одговара реми, напад и само напад, тоа е девизата и фудбалската филозофија на стратегот на Шкендија, нашата фудбалска легенда Артим Шаќири. Па така нека биде и вечерва на реваншот со Валмиера. Контрола на играта, посед на топката, создавање на шанси и кога ќе може и пеколни контри преку Дориев и Шаља од лево и десно.
Тоа беше рецептот на нашиот евро претставник на изминатите три меча, кој се покажа како успешен, така нека биде и вечерва.
А кога ќе се “реши“ Валмиера, од утре ќе се мисли на АИК.