Мекнил ќе биде замената за Ришарлисон во Евертон

137

Откако бразилецот Ришарлисон успешно го реализираше трансферот од Евертон во Тотенхем летово, сега „Карамелите“ се обидуваат да пронајдат достојна замена за него во тимот.

Англиските медуми јавуваат дека изборот е паднат на во моментов играчот на Барнли, 22. годишниот Двајт Мекнил. Тој е дете на Манчестер Јунајтед, но рано се пресели во Барнли, и досега има одиграно за овој тим преку 130 мечеви.

Екс англискиот младински репрезентативец е речиси на прагот да се пресели во Евертон, а целата зделка би требало да чини околу 20 милиони фунти.

Евертон е во голем плус на оваа тема затоа што Ришарлисон во Тотенхем замина за 20 милиони фунти.

 

ПретходноУЕФА не простува, го казни Лапи поради знамињата на голема Албанија и УЧК!
СледноФетел се пензионира на крајот од сезоната