На „Лавовите“ им се стемни во Софија

347

Македонскиот претставник во квалификациите за Конференцикста лига, тимот на Македонија ЃП немаше сили на реваншот против ЦСКА Софија да го изненади противникот па загуби со конечни 4:0, и со тоа да биде и елиминиран од понатамошните борби. Дебаклот на Ѓорчепетровци се случи во само половина час откако на полувреме имаше 1:0 и реално некаква игра, баланс на теренот но сето тоа го снема во продолжението.

Нашиот тим замина за Софија со 0:0 од првиот дуел и иако се надевавме потајно на изненадување сепак, тоа денеска во Бугарија не беше можно. Домаќинот ги искористи грешките на одбраната на МЃП и во првиот но и во вториот дел и заслужено оди понатаму.

Ако во првиот дел Македонија ЃП и имаше рамноправна игра, во вториот дел се случи тотален крах. Примени голови од очигледно грешки на одбраната која се распадна во целост, па реално рамноправниот меч го претвори во дебакл. Истиот не смееше да се случи со оглед на вложениот труд во две третини од дуелите против ЦСКА Софија но тоа е тоа.

Водството на домаќинот дојде откако Јонов изведе добро корнер, Бусато спушти на петерецот, а Матеј со волеј заби во голот на Стефковски. Во вториот дел, МЃП немаше сила да наметне свое темпо и евентуално да дојде до изендачување туку напротив, Јомов доби идеална топка во шестаесетникот му избега на Мишевски, и реализираше покрај немоќниот Стевковски.

До крајот на мечот противникот само го дотолчки нашиот претставник со трет гол, дело на Туфегчиќ, а и со четврти во 87. минута на Назон.

ЦСКА – Македонија ЃП 4:0 (1:0)

Стадион на Армијата во Софија

Гледачи: 10.000

Стелец: Матеј 31, Јонов 63, Туфегџиќ 78, Назон 87 (Ц)

Ж.картони: Југа, Бауренски (Ц) Емини, Ѓурѓевиќ, Лазаревиќ (МЃП)

ЦСКА: Бусато, Турицов, Матеи, Кох, Минков (Де Нојер 46), Југа, Бауренски (Вион 46), Јомов, Гарсес, Туфегџиќ Крастев (Назон 53)

Македонија ЃП: Стевковски, Илиевски (Лазаревиќ 74), Личина, Зука (Пецов 74), Алексовски (Вучичевиќ 59), Емини, Адем, Перез (Абази 74), Стојковски, Ѓурѓевиќ (Скендери 59)

FOTO startphoto.bg
ПретходноПолувреме на Арената: Бејтулаи и Дориев „тресат“, Шкендија води со 2:1…
Следно„Бугар“ не се станува, „Бугар“ се раѓаш