Нелоски ќе го учи тренерскиот „занает“ во Голден Арт (ФОТО)

259

Поранешниот македонски репрезентативец Марко Нелоски ја стартува тренерската кариера како практикант во Голден Арт. Тој веќе го започна новото поглавје во својата кариера.

„По завршувањето на потребните модули во организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија, со кои Нелоски се стекна изминатиот период, од следната сезона во нашиот тим ќе стекнува пракса и ќе го изучува тренерскиот занает.

Голден Арт како спортски колектив, покрај тоа што во својата политика на делување има развој на македонски ракометари, во иднина ќе се насочи и кон создавање на стручен кадар, со единствена цел подобрување на состојбата во Македонија во овој сегмен“, известија од клубот.

ПретходноМукаетов и Милошевски им посакаа среќа на ракометарките пред стартот на Светското првенство!
СледноДе Лихт го напуштил Јувентус поради Алегри