Тоа е тоа. Кога Шкендија сериозно си ја сфаќа работата тогаш нема никакви проблеми. Лесно, уверливо, без многу мачење и трошење, едноставно европски со шмек. Таква беша оваа Шкендија и вечерва на Артим Шаќири. Уште во Рига се виде кој е кој во овој двомеч, а вечерва тетовци само ставија “печат“ на севкупниот триумф нав Валмиера со 3:1 или вкупно 5:2 и се пласираа во следната квалификациска рунда во Лигата на Конференции, каде сега на ред е шведски АИК.
Првиот меч се игра на 4 август во Стокхолм, додека реваншот се игра во Скопје една недела подоцна.
Нема сомневање, оваа Шкендија може далеку, далеку во Европа.
И, да, големо БРАВО за тетовци.
Така се играат европски натпревари.