Можеме да кажуваме европски настап или европска Шкендија. Но сепак дали е баш така кога еден од нашите најголеми клубови ќе направи организациски кикс, и тоа аматерски.
Па затоа фоторепортерите од спортските редакции си заминаа на полувреме, гневни на Шкендија како клуб организатор на овој вечерашен меч со Валмиера. Имено на нив не им беше дозволено да си ја одработат својата работа за што се дојдени на стадион.
Крајно некоректниот па и вулгарен однос на лицата од Агенцијата за обезбедување на натпревари ангажирана од Шкендија, кои се најдоа да измислуваат свои правила на „игра“, со својот аматеризам ќе доведат до тоа овие професионалци (фоторепортери) веќе да не доаѓаат на натпреварите на тетовскиот клуб.
Шкендија како клуб мора да реагира, и пред се мора да се извини за тоа што се случи вечерва.