Македонија ЃП вечерва од 19 часот и гостува на ЦСКА Софија, во реванш мечот од 2.квалификациско коло во ЛК. Првиот меч во Скопје заврши со резултат 0:0, тоа значи дека “лавовите“ и натаму се во игра за пласман во следната квалификациска рунда.
Бугарите се големи фаворити, но “лавовите“ ветуваат голема битка.
Тренерот на нашиот тим Муарем Бајрами за овој меч се одлучи за следните единаесетмина стартери…
СТЕВКОВСКИ, ЗУКА, МИШЕВСКИ, ЛИЧИНА, ИЛИЕВСКИ, МЕНА ПЕРЕЗ, АДЕМ, ЕМИНИ, АЛЕКСОВСКИ, СТОЈКОВСКИ, ЃУРЃЕВИЌ.
Формацијата е 4-4-2. Познато е дека Воша поради операција е надвор од тимот а Матеус на првиот меч во Скопје доби црвен картон.