Шкендија има водство од 2:1 по првото полувреме на реванш средбата со Валмиера во 2.квалификацискиот меч во Лигата на Конференции. Солидно издание на тетовци, се чини дека играат колку што треба.
Серија голови ја „отвори“ Бејтулаи во 11.минута. Хасани убаво центрираше во петерецот на гостите, а тука Бејтулаи убаво скојна и со шут со глава носи водство од 1:0. На 1:1 израмни Мурата, Јапонецот во редовите на Валмиера откако во 25.минута по една долга акција пред голот на Захов, со малку среча успеа да ја затресе мрежата на Шкендија.
Сепак тие 1:1 не траеја многу. Се играше 33.минута кога Дориев истрча во еден одличен спринт, и откако се најде пред голот на гостите рутинирано погоди за 2:1.