Роналдо бара раскин на договорот вреден 22 милиони евра!

470

Кристијано Роналдо оваа недела се врати во Манчестер за да разговара со раководството на клубот за својата иднина на „Олд Трафорд“, иако првите информации беа дека тој ќе остане уште една година, а потоа ќе оди на позајмица, сега ситуацијата се промени.

Откако Јунајтед му соопшти дека нема да го продава, ниту да оди на позајмица „Дејли Мејл“ пренесува дека Роналдо побарал да му дадат отказ.

Португалецот сака раскин на договорот, подготвен е да се откаже од богатството, поточно од 430.000 евра неделно или 22 милиони годишно, едноставно сака да си оди. Засега нема информации каков ќе биде одговорот на Јунајтед.

Роналдо после две недели дополнителен одмор, дури сега почна да тренира. Неговата желба е да игра во Лигата на шампиони каде е рекордер по бројот на голови. Јунајтед не успеа да се пласира во ова натпреварување, па токму затоа Португалецот почна да бара нова средина.

Засега за неговите услуги се заинтересирани Челзи и Баерн.

ПретходноЛШ: Среде Истанбул ечеше „Путин, Путин…“ама Динамо Киев ги замолкна фановите на Фенер! (ВИДЕО)
СледноСкандал во Торино: Тренерот Јуриќ тргна да се пресмета со спортскиот директор (ВИДЕО)