„Сапуницата“ продолжува: Роналдо нов соиграч на Елмас, ќе биде новиот Марадона!

377

Кристијано Роналдо и натаму е во центарот на вниманието. Португалецот сака да го напушти Манчестер Јунајтед, засега никој не успеа да го предомисли да остане на „Олд Трафорд“.

Во отсуство на официјални информации околу неговата иднина низ светски медиуми се шират најразлични шпекулации. Најновата е дека Португалецот би можел да стане соиграч на Елиф Елмас во Наполи.

Шпански „Ас“ објави дека Наполи е заинтересиран за Роналдо, сопственикот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис даде интересна изјава.

„Роналдо може да биде нашиот нов Марадона“, вели Де Лаурентис, а пренесува „Ас“.

Менаџерот на Роналдо Жорж Мендеш и сопственикот на клубот од Неапол, Аурелио де Лаурентис се во добри односи, а Роналдо е подготвен да се откаже од големите примиња.

ПретходноДиви сепак нема да биде тренер на Струга!
СледноЛК: Шкендија да ја покаже силата и вечерва на Арената!