Стартни состави: Шаќири не експериментира, Хасани, Дориев, Гури, Шаља…

289

На околу час и половина пред почетокот на мечот меѓу Шкендија и Валмиера, реванш од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции, познати се и стартните состави.

Стратегот на нашиот евро – претставник, Артим Шаќири се одлучи да им даде шанса на следните единаесетмина…

ЗАХОВ, МУРАТИ, БЕЈТУЛАИ, ЦАКЕ, НЕЗИРИ, РАМАДАНИ, ДИТА, ШАЉА, ХАСАНИ, ДОРИЕВ, ГУРИ.

Формацијата е 4-2-3-1, на клупата покрај другите се Елези, Нафиу, Вондра, Маневски, Стојановски, Вагнер и др.

Се очекува нова добра европска партија на Шкендија, секако победа или во најлош слулчај реми, па така тетовци и дефинитивно да стават “печат“ на пласманот во 3.квалификациско коло во ЛК каде ги очекува АИК од Шведска.

Да потсетиме реванш дуелот меѓу Шкендија и летонската Валмиера се игра вечерва на Националната Арена “Тодор Проески“ во Скопје со почеток од 20 часот.

ПретходноЈуниорите „летнаа“ за Измир, јуниорките заминаа за Бугарија!
СледноЕ.Пелистер ги претставите новите засилувања!