УЕФА не простува, го казни Лапи поради знамињата на голема Албанија и УЧК!

669

УЕФА не трпи такви работи, го казни Лапи за провокации на натпреварот од Конференциската лига против Будуќност од Подгорица. Навивачи на овој клуб направија неколку потези кои не се поврзани со спортот, па поради тоа следуваше и казна.

Следниот европски меч Лапи ќе го одигра без навивачи, со условна казна за уште еден натпревар, а дополнително ќе треба да платат и 50.000 евра. Во образложението се наведува „расистичко однесување на навивачите, влегување на теренот, фрлање предмети и провокативни пораки“.

На трибините го извадија знамето на Голема Албанија и УЧК, потоа презентираа и карта на Црна Гора, со порака дека еден дел ќе и припадне на Голема Албанија.

 

ПретходноКадетките убедливо поразени од Црна Гора
СледноМекнил ќе биде замената за Ришарлисон во Евертон