По се она што се случи синоќа во Истанбул, кога фановите на Фенербахче на мечот со Динамо Киев скандираа – Путин, Путин, дојде до реакција од страна на УЕФА. Покрената е постапка против турскиот клуб.
Така и треба.
Но, исто така треба да се покрене постапка и против ЦСКА Софија.
На што личеа оние глупи скандирања од страна на фановите на ЦСКА Софија на мечот со Македонија ЃП – Бугари, Бугари.
Срамно, е ова е говор на омраза.
Ако во Скопје пред една недела кога гостуваа Бугарите се беше идеално и совршено, тоа е таа македонска гостопримливост, ете како Бугарите враќаат.
Нема што, на ова УЕФА мора да реагира, мора да има санкции.
Да не заборават Бугарите дека во септември доаѓаат во Скопје, поточно нивната очајна репрезентација.
И тогаш ќе ги пречекаме европски, но се неколку “парчиња“ во нивната мрежа.
Ние МАКЕДОНЦИТЕ и сите државјани на оваа земја сме господа за разлика од Бугарите.