Екипата на Куманово продолжува со создавање на тимот за новата сезона. По кинескиот интернационалец Кикаи Сун, кој е вистинска сензација, старо-ново име е Марјан Јанески.
Поранешниот македонски репрезентативец после две години се враќа во дресот на кумановскиот прволигаш. Тој настапуваше во сезоната 2019/2020.
Договорот со Куманово го продолжи еден од најискусните од минатата сезона. Ненад Зивчевиќ договори нова соработка, па се очекува да биде лидер и во следните две години, колку што гласи неговиот договор.