Артим Шаќири: Најважно е што се пласиравме во следната рунда!

2673

Секако дека кога ќе се победува тогаш имаш право да бидеш задоволен. Да, Шкендија ја победи Валмиера и вечерва, со 3:1, оди натаму, но Артим Шаќири, стратегот на тетовци смета дека неговиот тим можел уште подобро.

Сепак најважно е што ја остваривме целта, а таа беше пласман во следната рунда. Јас им честитам на играчите, ова е нивна победа, нема што повеќе да се коментира. Можевме и подобро, тука нема дилеми. За АИК што да се каже? Пред 23 години сум играл против тој тим. Имам респект, но тоа ќе биде така се додеке не се истрча на теренот. Познато ми е каков фудбале преферира, имаме време добро да се подготвиме“ заврши Шаќири.

ПретходноОрганизациски кикс на Шкендија: Фоторепортерите на полувреме си заминаа!
СледноУЕФА покрена постапка против Фенер, а ќе има ли санкции за ЦСКА Софија за тоа „Бугари, Бугари“!?