Е. Пелистер 2 официјално ги претстави трите засилувања за сезоната 2022/23. Нови членови на екипата која ќе ја претставува Македонија во квалификациите на ЕХФ Лига Европа се Мартин Ивановски, кој дојде од Охрид, Василије Пичурица од Струга и Мартин Јовановски, кој се врати во матичниот клуб од Германија.
„Мојот младински тренер Сашо Ристески контактираше со тренерот на Еурофарм Пелистер 2, Александар Јовиќ и така дојде до трансферот. Јас се согласив, условите ги прифатив и мислам дека ова е чекор напред и отскочна даска во мојата кариера.Овој колектив е одличен, екипата е уште помлада од минатогодишната. Добро ме прифатија соиграчите, се чувствувам скоро како дома и се надевам на успех“, изјави Мартин Ивановски
Мартин Јовановски се надеваме дека ќе се подготват максимално со првиот европски предизвик, прва цел е да се повтори успехот од минатата сезона.
„Драго ми е што се враќам дома. Амбиентот што го затекнав е одличен. Имаме млада екипа, доста помлада од минатата сезона. На 20 јули почнавме со подготовки, напорно тренираме и се надевам на повторување на ланскиот успех.
Уште немаме информации за Алпла Хард, но наскоро ќе започнеме да се подготвуваме за Австријците. Уште не сме консолидирани, чекаме да ни се приклучат двајца ракометари кои се на подготовки со Еурофарм Пелистер, па ќе видиме како ќе се одвива сезоната“.