Кадетките убедливо поразени од Црна Гора

97

Женската кадетска репрезентација го одигра првиот пријателски натпревар во рамките на подготовките против Црна Гора. Најмладата женска национална селекција беше поразена во Македонска Каменица со убедливи 50-74.

Селекторот Горан Даниловски заедно со своите стручни соработници, Атанас Димов и Симона Деловска, ги разигра сите кошаркарки кои ги имаше на располагање за подетална проценка на силите на составот, индивидуално, но и колективно.
Македонските кошаркарки го диктираа темпото на игра во првиот дел на натпреварот, предноста беше во наша корист на паузата (34-35), но во вториот дел од играта следеше пад на концентрацијата во играта што резултира со конечни 50-74 во полза на гостите од Црна Гора.

Троецот Даниловски-Димов-Деловска ќе имаат прилика за реванш на црногорскиот состав, утре напладне на вториот натпревар предвиден за овој дел од подготовките.

Претходно„Лавовска“ офанзива на Софија
СледноУЕФА не простува, го казни Лапи поради знамињата на голема Албанија и УЧК!