Молина и официјално во Атлетико Мадрид

142

И официјално тимот на Атлетико Мадрид во иднина ќе биде посилен за Нахуел Молина. Сега веќе екс играчот на Удинезе, денеска ги заврши лекарските прегледи во неговиот нов клуб, и потпиша соработка до 2027 година.

Ова е уште еден потег на управата на Атлетико Мадрид во насока на реновирање на тимот кој годиниве констатно е дел од најтесната битка како за шампионската титула во Примера, така и во Лигата на Шампионите.

Следен кој би требало да се приклучи на тимот на Атлетико е сегашниот играч на тимот на Валенсија, Самуел Лино кој би дошол како позајмен фудбалер.

 

ПретходноФетел се пензионира на крајот од сезоната
СледноПромена на судиите во последен момент