Претседателот Живко Мукаетов и генералниот секретар Филип Милошевски на денешниот тренинг во спортската сала Автокоманда ги посетија кадетките кои ги прават последните подготовки пред стартот на Светското првенство кое 30.07 до 10.08 ќе се одржи во Скопје.
Кадетската репрезентација и селекторот Љубомир Савевски имаа доволно време да се подготват за Мундијалискиот предизвик, дел од подготовките ги работеа во Маврово, а завршните во Скопје.
Претседателот Мукаетов ги поздрави, изрази поддршка и им посака успех во натпреварувачкиот период на Мундијалот.
Кадетскиот ракометен Мундијал во женска конкуренција (U18) кој ќе се одржува во Скопје е прв од натпреварувачки формат со 32 учесници, претходниот кој беше предвиден беше откажан во 2020-та година во Хрватска поради пандемијата.
Mакедонска репрезентација е дел од групата Б заедно со селекциите на Сенегал, Иран и Узбекистан и ќе настапува во СЦ „Борис Трајковски“, влезот е слободен.
На првата средба нашите ракометарки силите ќе ги одмерат со Сенегал на 30 овој месец.