Поранешниот македонски репрезентативец Марко Нелоски ја стартува тренерската кариера како практикант во Голден Арт. Тој веќе го започна новото поглавје во својата кариера.
„По завршувањето на потребните модули во организација на Здружението на ракометни тренери на Македонија, со кои Нелоски се стекна изминатиот период, од следната сезона во нашиот тим ќе стекнува пракса и ќе го изучува тренерскиот занает.
Голден Арт како спортски колектив, покрај тоа што во својата политика на делување има развој на македонски ракометари, во иднина ќе се насочи и кон создавање на стручен кадар, со единствена цел подобрување на состојбата во Македонија во овој сегмен“, известија од клубот.